Вести

Првиот епидемиолог во Шведска: Епидемијата постепено ќе се намали

Шведскиот репродуктивен фактор на коронавирусот е под 1, што е знак дека епидемијата во земјата е под контрола и покрај пофлексибилниот пристап што го применуваат шведските власти во однос на другите европски земји, вели главниот епидемиолог на шведската Агенција за јавно здравје, Андер Тегнел.

Како што изјави, репродуктивниот фактор неколку дена е под еден, што значи дека заразеното лице инфицира помалку од едно лице во просек.

„Тоа значи дека епидемијата постепено ќе се намали“, рече Тегнел за СВТ во петокот вечерта.

Шведска го привлече вниманието на меѓународната јавност, но исто така предизвика доза на скептицизам затоа што не воведе строги карантински мерки како другите земји. Ресторани и кафулиња се уште се отворени таму, како и градинките и основните училишта.

Сепак, Шведска има повеќе заразени и фатални случаи од другите скандинавски земји. До саботата наутро, имало повеќе од 22.000 заразени и 2.650 мртви.

Соседната Финска има 5.000 заразени и 220 смртни случаи, додека Норвешка има 7.700 заразени и 210 мртви.

Поврзани вести

Масовни грабежи и пукање во Чикаго, уапсени повеќе од 100 лица (видео)

Никола Поповски

На пациентите на кои им е даден хидроксихлорокин умирале повеќе од останатите

Русија планира да произведува 5 милиони дози вакцини месечно

Влатко Зорба

Намален бројот на новозаразени во Чешка: Што е тоа „паметен карантин“?

Берни Сандерс победи на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир и го најави крајот на Трамп

Никола Поповски

Протест на угостителите во Милано