Вести

Путин испрати телеграма со сочувство до Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до неговиот француски колега Емануел Макрон по терористичкиот напад во Ница, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Цинично и сурово злосторство извршено внатре во ѕидовите на црквата предизвикува посебна огорченост. Уште еднаш, убедени сме дека концептот за човечки морал е апсолутно туѓ за терористите. Очигледно е дека борбата против меѓународниот тероризам бара вистинско обединување на напорите на целата светска заедница“, се вели во телеграмата.

Путин ја потврди подготвеноста на Русија за тесна соработка со Франција и другите партнери во сите насоки на борбата против тероризмот, се наведува во телеграмата.

Рускиот претседател истакна дека граѓаните на Русија го делат гневот и тагата на народот во Франција, и тој им испрати најискрено сочувство на семејствата и пријателите на жртвите.

Маж вооружен со нож утрово нападна верници во катедралата Нотр Дам во центарот на Ница. Според последните извештаи, во нападот загинале три лица – една жена и двајца мажи.

Напаѓачот бил приведен.

Поврзани вести

Чиле: Украдени 15 милиони долари од аеродром

Оваа земја во моментов е најтешко погодена од Ковид-19 во Европа: Заразените лекари мораат да одат на работа

Никола Поповски

Гутереш бара примирје насекаде низ светот заради коронавирусот

Влатко Зорба

Тедрос: Пандемијата се забрзува со повеќе од 300 илјади заразени

Значаен раст на новозаразени од коронавирус во Германија: Дали најкусото обраќање на Меркел до нацијата ќе ги поправи работите?

Над 200.000 починати од коронавирусот

Влатко Зорба