Вести

Путин кон Русите: Борбата против короната не е завршена, бидете паметни за да избегнеме мерки

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека борбата против коронавирусот не е завршена, затоа е потребно сите граѓани да бидат многу внимателни и одговорни не само за себе, туку и за оние околу нив.

„Морам повторно да истакнам, борбата против епидемијата не е завршена, таа продолжува. Не смееме да се релаксираме. Сакам да им се обратам на сите наши граѓани – ризикот од инфекција е огромен, ве молиме да бидете одговорни за сите наши граѓани“, рече тој.

Во исто време, Путин апелираше до граѓаните да ги почитуваат сите совети на лекарите со цел да се зачува здравјето на целата нација, но и да се избегне повторно воведување на рестриктивни мерки.

„Знаеме многу повеќе за оваа опасна болест денес отколку што знаевме тогаш. Ние знаеме како да се однесуваме, какви мерки треба да воведеме. Сè зависи само од напорите на граѓаните во борбата против ширењето на инфекцијата“, нагласи Путин.

Рускиот претседател исто така рече дека е исклучително важно да се избегне повторно воведување на ограничувачки мерки затоа што сите се добро свесни за негативните ефекти што ги има врз економијата.

Поврзани вести

Наместо да се пензионираат, Трамп (74) и Бајден (77) се борат за чело на државата, а еве и зошто тоа загрижува

Влатко Зорба

Италијански доктор: Ова е како војна, работам по 15 часа на ден

Уште 26 лица починале од коронавирус во Италија: Најмал број на смртни случаи од 2 март

Влатко Зорба

МААЕ откри збогатен ураниум на непријавена локација во Иран

Влатко Зорба

Трамп повторно во расправија со медиуми: „Гласот на Америка срамно информира“

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани нема Ковид-19

Влатко Зорба