Вести

Путин негативен на тестот за коронавирус, лекарот со кој бил е заразен

Главниот лекар во московската болница за пациенти со коронавирус, кој се сретна со Владимир Путин во установата минатата недела, изјави денеска дека е заразен, додека од Кремљ веднаш објавија дека не треба да се грижат за претседателот на Русија.

– Путин се тестира редовно. Сè е нормално – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Докторот Денис Проченко изјави дека е заразен, но нема загрижувачки симптоми.

– Тестот КОВИД-19 е позитивен, но јас се чувствувам добро. Се изолирав и во мојата канцеларија ги имам сите услови за работа од далечина, рече рускиот лекар.

На 24 март, Путин (67) ја посети болницата Комунарка во предградието на Москва. Оваа болница е главната установа во која се лекуваат пациенти со коронавирус.

Претседателот на Русија и докторот потоа се ракуваа, беа во лифтот заедно и разговараа без заштитни маски.

Поврзани вести

Речиси 300.000 се заразени со коронавирус во Русија

Столтенберг: Сите во НАТО се зад САД, Иран да се воздржи од провокации

Влатко Зорба

Курдската полиција тврди дека го елиминирала Абу ал-Хасан ал Мухаџир, десната рака на Ал Багдади

Maja_Serafimova

Бразилски пратеник поднесе предлог закон – сечење раце за корупција

Путин на средба со Асад, разговарале за состојбата во Сирија

Влатко Зорба

Експерти: Осаменоста темната страна на работата од дома во време на пандемијата