Вести

Путин: Руската војска ќе се повлече ако побара идната сириска Влада

Москва ќе се повлече од Сирија ако идната влада на земјата одлучи дека руската војска треба да замине, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Оние кои се незаконски присутни во странска земја, во случајов Сирија, треба да го напуштат регионот. Тоа важи за сите земји, истакна Путин.

– Ако идната легитимна влада на Сирија рече дека не треба руските трупи да останат во земјата, тогаш тоа ќе се однесува и на Русија, додаде рускиот лидер.

Според него, Русија продолжува да размислува за странско воено присуство во Сирија со Иран, Турција и САД.

– Секогаш им велев на нашите колеги дека има потреба да се ослободи Сирија од странско воено присуство, рече Путин.

Тој, исто така, ја истакна потребата од целосно обновување на територијалниот интегритет на Сирија.

Поврзани вести

Само четири земји во Европа не се „критични зони“ со коронавирус

Никола Поповски

Дали вирусот во Франција се појавил уште во февруари: Научници откриле дека Ковид 19 во земјата не дошол од Италија, ниту од Кина

Повеќе од 100.000 Полјаци на улица поради забраната за абортус (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Бејрут: Повеќе од 100 мртви, во пристаништето имало тони опасен нитрат

Влатко Зорба

СЗО ја предупреди Москва за вакцината за Ковид-19

Влатко Зорба

Пет водечки светски технолошки компании, меѓу кои и Епл, Тесла и Гугл обвинети за смртта на деца во Конго