Вести

Речиси 20,000 новозаразени за еден ден во Индија

Индија во последните 24 часа регистрира скоро 20 000 луѓе заразени со коронавирус, што е новиот најголем број за таа земја.

Во Индија се случи скок од скоро 100.000 случаи минатата недела, објави Министерството за здравство таму.

Од почетокот на епидемијата, потврдени се вкупно 548.318 случаи, што ја прави четврта најтешко погодена земја во светот по САД, Бразил и Русија.

Бројот на загинати во Индија достигна 16.475.

Во сојузната држава Асам, на границата со Бангладеш, ограничувањето на движењето беше воведено повторно до 12 јули, по скокот на бројот на заразени лица.

Поврзани вести

Зошто сите Американци што биле заразени со коронавирус нема да можат да се вработат во вооружените сили?

САД се повлекуваат од Парискиот договор за климата

Влатко Зорба

Блумберг: Успехот во справувањето со климатските промени не бара чудо, туку лидерство

Влатко Зорба

Две жртви во невремето Денис во Велика Британија

Влатко Зорба

Нема вакцина во следниве 18 месеци, вели француска министерка

Гувернерот на Њујорк: Не е страшно во споредба со тоа каде бевме

Влатко Зорба