Вести

Рекордни температури за мај во Анталија – 42,7 степени

Во турскиот град Анталија, каде се регистрираат метеоролошки податоци од 1929 година, температура од 38,8 степени Целзиусови е регистрирана непосредно пред пладне во неделата, што е рекордна температура на воздухот регистрирана во мај.

Не само што беше срушен рекордот, температурата во Анталија скокна дури до 42,7 степени во текот на денот, пренесува Анадолија.

Раководителот на локалната канцеларија за метеорологија, Мурат Гулер рече дека температурата во Анталија продолжува да расте.

Метеоролошките податоци во Анталија започнаа да се бележат пред 91 година, а од тогаш највисоката температура во мај беше измерена во 1945 година, кога беше 38,7 степени.

Улиците целосно испразнети

„Денес во 11:19 часот го срушивме тој рекорд, температурата беше 38,8 степени. Оттогаш, температурата на воздухот постојано расте и сега достигна дури 42,7 степени Целзиусови“, рече Гулер.

Улиците во Анталија беа претежно празни, поради мерките против ширењето на коронавирусот, но со ненадеен пораст на температурата на воздухот, тие беа целосно испразнети.

Властите во Турција во неделата донесоа одлука на лица над 65 години кои имаат хронично заболување да им е дозволено да излегуваат надвор шест часа.

Затоа, постарите граѓани кои излегоа надвор мораа да најдат сенка и да се заштитат од сонцето.

Поврзани вести

Сао Паоло: Новинарка на Си-Ен-Ен ограбена во пренос во живо (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Трамп се закани со санкции кон Ирак

Курдите во Сирија се повлекоа на 32 километри од границата со Турција

Maja_Serafimova

Русија: Три медицински лица мистериозно паднале од прозорец на болница

Путин: Не сакаме да војуваме со никого

Исповед на Американец: Отидов во преполн бар, не стравував од корона, седум дена подоцна лекарите се бореа за мојот живот