Вести

Рекордно мал број бегалци ќе биде дозволен во САД во 2021 година

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го намали бројот на бегалци на кои ќе им биде дозволено да се преселат во САД следната година, ограничувајќи го на 15.000, што е најниско во поновата историја на програмата за прифаќање бегалци во САД.

Трамп го финализираше својот план во меморандумот објавен во текот на ноќта, во кој се наведува дека границата за фискалната 2021 година, која започна овој месец, вклучува 6.000 неискористени визи од минатата година „што можеа да се користат ако не постоеше пандемијата Ковид 19.

Републиканскиот претседател, кој се кандидира за втор мандат на изборите на 3 ноември, зазеде цврст став и за легалната и за илегалната имиграција, меѓу другото со значително намалување на бројот на бегалци што им е дозволено да влегуваат секоја година од преземањето на функцијата во 2017 година во Соединетите Американски Држави.

Во изјава, Трамп наведува дека секој нов бегалец оваа година треба да биде сместен од Стејт департментот во делови од земјата кои се отворени да го примат.

– Новите бегалци треба, колку што е можно, да бидат сместени во држави и локации кои јасно изразија желба да примат бегалци и да се сместат во заедници кои се крајно заинтересирани и опремени за поддршка на нивната успешна интеграција во американското општество и работна сила – рече Трамп.

Според „Гласот на Америка“, критичарите сметаат дека Трамп се одрекол од долгогодишната улога на САД да бидат безбедно прибежиште за прогонетите луѓе и дека намалувањето на бегалците кои ќе бидат примени, претставува закана за другите надворешно-политички цели.

Демократскиот ривал и поранешен потпретседател, Џо Бајден вети дека ќе го зголеми бројот на примени бегалци на 125.000 годишно, доколку го Трамп победи на изборите следната недела, но поборниците за имиграција велат дека може да поминат години пред да се опорави програмата.

Десетици илјади бегалци веќе се регистрираа за влез во САД, и покрај фактот што администрацијата на Трамп воведе построг процес на верификација, а новиот коронавирус ги забави пристигнувањата во фискалната 2020 година, за која квотата беше 18.000.

Според планот на Трамп за 2021 година, издвоени се 5.000 визи за бегалците кои се соочуваат со верски прогон, 4.000 за бегалците со помош на САД од Ирак и 1.000 за бегалците од Салвадор, Гватемала и Хондурас, што значи дека 5.000 визи остануваат за другите.

Наведувајќи го ризикот од тероризам како причина, планот на Трамп забранува прием на бегалци од Сомалија, Сирија и Јемен, освен во случаи на „посебна закана“.

Поврзани вести

Гутереш: Една милијарда лица со инвалидитет ширум светот се меѓу најтешко погодените од пандемијата

Терористот Фејзулаи го сменил планот за нападот поради СМС порака која лошо ја разбрал

Никола Поповски

Американците во март годинава купиле речиси два милиони парчиња огнено оружје

Меконел: Демократите ја спроведоа најнечесната истрага за отповикување во модерната историја

Турција праќа 4.000 борци од Сирија во поддршка на Азербејџан

Влатко Зорба

Фармацевтска компанија работи на вакцина против коронавирус која ќе чини 2,5 евра

Влатко Зорба