Вести

САД: Лекот „ремдесивир“ го забрзува за 31 отсто лекувањето од КОВИД-19

Експерименталниот лек „ремдесивир“ го забрзал за 31 процент времето на заздравување кај пациенти со Ковид-19 во големо клиничко испитување спонзорирано од Американскиот институт за здравство (NIH), покажуваат првичните резултати од студијата објавена денес.

Во споредба со пациентите кои примаат плацебо, пациентите третирани со „ремдесивир“ направени од лабораторијата „Гилеад“ лекуваа за 11 наместо за 15 дена, според соопштението.

Оздравувањето е дефинирано како напуштање на болницата или враќање во нормални активности. Статистичката сигурност на овие резултати е голема.

Тестирањето спроведено од лабораторијата „Гилеад“ и американскиот институт за здравство опфати 1.063 пациенти на 47 места во САД и 21 во Европа и Азија. Ова досега е најголемата студија за „ремдесивир“ за која се достапни резултатите.

Кога станува збор за смртност, резултатите не се значајни, односно малата разлика во смртноста меѓу двете групи може да биде случајна, се вели во заклучоците. Сепак, групата пациенти кои примале „ремдесивир“ имала стапка на смртност од осум проценти во споредба со 11 проценти за плацебо групата, што „навестува“ дека лекот го подобрува опстанокот.

Американската лабораторија „Гилеад“ објави порано денес дека нејзиниот лек „ремдесивир“ покажал „позитивни“ резултати кај пациенти со „Ковид-19“.

Директорот на американскиот институт за заразни болести, Ентони Фаучи, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, денес во Белата куќа објасни дека првите резултати од студијата биле толку јасни што оние кои ги спровеле тестовите решиле да ги објават, така што оние што примале плацебо, отсега да имаат пристап до „ремдесивир“.

„Кога има јасни докази дека лекот функционира, ние имаме етичка обврска веднаш да ги известиме членовите на плацебо групата“, рече тој.

Тој рече дека тоа е многу важен доказ, бидејќи докажува дека можат да го блокираат вирусот.

„Можам да гарантирам дека повеќе луѓе, компании и истражувачи ќе го подобрат дополнително“, рече Фаучи, додавајќи дека „податоците покажуваат дека „ремдесивир“ има јасен ефект, значаен и позитивен во намалувањето на времето на заздравување“.

Тој рече дека лекот сега може да стане стандарден третман за борба против тешките форми на Ковид-19. Се дава интравенозно 10 дена.

Во исто време, студија спроведена во Кина, објавена денес во медицинскиот весник „Лансет“, покажува дека „ремдесивир“ од лабораторијата „Гилиад“ не се покажа дека е ефикасна во клиничките испитувања за третман на Ковид-19.

Фаучи рече дека кинеската студија која покажува дека лекот не функционира „не е соодветна студија“. Засега, СЗО не се огласи за оваа студија.

Поврзани вести

Независна анализа ќе утврди што тргнало наопаку со оксфордската вакцина

Влатко Зорба

За време на карантинот во Аргентина убиени се 50 жени, што е највисока бројка во последните десет години

Макрон: Нападната е цела Франција

Никола Поповски

Британски научници: Губењето на сетилото за мирис е новиот најчест симптом за коронавирус

Задолжително мерење на температурата на секој посетител во Белата куќа

Во напад на талибанци убиени најмалку 15 војници во Авганистан