Вести

САД: Скоро 100.000 деца позитивни на Ковид-19 во втората половина на јули

Во Соединетите Американски држави (САД) скоро 100 илјади деца се тестирале позитивно за коронавирус во втората половина на јули, покажуваат податоците на Американската академија за педијатрија.

Наведено е дека во последните две недели од јули, нешто повеќе од 97 илјади деца тестирале позитивно за коронавирус.

Има повеќе од пет милиони заразени лица во САД, од кои повеќе од 338 илјади се деца.

Д-р Тина Хартерт од универзитетот Вандербилт изјави дека се надева дека зголеменото испитување на децата ќе помогне да се утврди нивната улога во пренесувањето на вирусот.

Во Њујорк, градоначалникот Бил де Бласио најави враќање на децата на училиште.

„Ние мора прво да го заштитиме нашето здравје, а потоа да ги едуцираме нашите деца“, рече Де Блазио.

Поврзани вести

Лукашенко пристигна во резиденцијата вооружен (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Прв починат од корона во Словенија по скоро два месеци

Влатко Зорба

Адвокатите на Асанж: Проблемите да најдеме време за состаноци со Џулијан се причина за одложување на случајот

Никола Поповски

Поплави во Кина: Тројца загинати, илјадници иселени, свлечишта (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Путин за протестите во САД: Нивните длабоки внатрешни кризи се видливи уште од победата на Трамп!

Влатко Зорба

СЗО: Пазарот во кинескиот град Вухан одигра улога во избувнувањето на коронавирусот минатата година