Вести

Сезоната на грип ќе го удвои бројот на заразени со коронавирус?

Научниците од институтот „Макс Планк“ во Берлин истакнуваат дека вакцинацијата против грип годинава може да го намали и ризикот од инфекција со коронавирус.

Лекарите уште од пролетта предупредуваат дека сезоната на грип и другите респираторни инфекции ќе доведат до зголемување на бројот на заразени. Но, научниците од Белгија, Италија, Норвешка и Шпанија конечно можат со сигурност да кажат колку сезоната на грип и настинките ќе влијаат на ширењето на коронавирусот.

Тие создадоа математички модел базиран на ширење на коронавирус во текот на пролетта и дојдоа до податоци така што во сезоната на грип и студ, ризикот од инфекција со коронавирус може да се зголеми дури 2,5 пати. Научниците не се сигурни зошто ризикот од инфекција се зголемува за време на сезоната на грип. Некои веруваат дека луѓето кои неодамна имале грип имаат поголем ризик да заболат од КОВИД-19, додека кај луѓето кои биле вакцинирани против грип има помал ризик од развој на болеста.

Научниците од институтот „Макс Планк“ во Берлин истакнуваат дека вакцинацијата против грип годинава може да го намали и ризикот од инфекција со коронавирус. Тие потсетуваат дека во Италија беше забележано дека во областите каде што имало повеќе вакцинирани против грип, биле евидентирани помалку смртни случаи од КОВИД-19.

Научниците сепак забележуваат дека ова не значи дека вакцината против грип влијае на ширењето на КОВИД-19, но советува луѓето да се вакцинираат против грип за да се намали ризикот од „двојно заболување“ и дополнителни компликации.

„Нашите резултати покажуваат дека инфекцијата со грип го зголемува преносот на вирусот САРС-КоВ-2 и го поттикна ширењето за време на раната епидемија на КОВИД-19 во Европа. Затоа, можеби е потребно да се повика на пошироко вакцинирање против грип, не само за да се намали бројот на хоспитализации поради грип, туку и да се ограничи преносот на вирусот САРС-КоВ-2 и смртноста од КОВИД-19, посочуваат научниците во нивната работа, објавена на medRxiv.org.

Американските здравствени власти веќе ги повикуваат своите граѓани да се вакцинираат против грип за да се намали ризикот од понатамошно ширење на коронавирусот.

Потсетуваме, симптомите на инфекција со коронавирус и грип се многу слични затоа што се вируси од исто семејство – треска, кашлица и отежнато дишење.

Поврзани вести

Трамп со закон ги поддржа демонстрантите во Хонг Конг

Велика Британија: Руските шпиони стојат зад труењето на Навални

Никола Поповски

Резултати од независната обдукција: Флојд бил задушен, полицаецот сакал да го убие

Британската кралица вонредно се обраќа на нацијата по четврти пат од 1952 година

Влатко Зорба

„Pfizer“ до крајот на октомври ќе знае дали нивната вакцина функционира

Влатко Зорба

Седум луѓе повредени во Хјустон, осомничениот тврди дека пиштолот случајно пукнал (ВИДЕО)