Вести

Шефот на штабот на Навални: Алексеј се опоравува побрзо од очекуваното

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се опоравува побрзо од последиците на наводниот обид за атентат, отколку што се очекуваше, изјави шефот на неговиот штаб, Леонид Волков, пренесува „АП“.

Навални, кој се разболе на пат од Сибир кон Москва на 20 август и беше во кома скоро три недели, беше пуштен минатата недела од болницата во Берлин, каде се лекуваше.

„Тој е многу подобар, би рекол неочекувано подобро. Мислам дека закрепнувањето е многу побрзо отколку што се очекуваше, и, се разбира, тоа е добра вест што нè прави среќни“, изјави Волков за телевизијата „РТЛ“.

„АП“ потсетува дека германските власти објавија дека Навални е отруен со силен нервен агенс „новичок“ и побараа од руските власти да го испитаат случајот што се случил на нејзина територија.

Присуството на нервниот агенс од времето на Советскиот Сојуз во близина на Навални е регистрирано од лабораториите во Франција и Шведска.

Русија ги отфрли меѓународните барања за започнување истрага, тврдејќи дека тестовите не покажале присуство на таа отровна супстанца во Навални.

Навални, голем противник на рускиот претседател Владимир Путин, најави дека ќе се врати во Русија со цел да ја продолжи својата политичка активност.

„Тој разбира дека ризиците се големи и мора да размислиме како тој ќе продолжи да живее во Русија. Нема да биде така лесно и многу работи, се разбира, ќе се променат со цел да се намали можноста за нов напад“, рече Волков.

Поврзани вести

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба, 200.000 луѓе евакуирани заради пожарите

Maja_Serafimova

Откриена тајната на американските лаборатории во Европа: Ако ова проработи, Господ нека ви помогне (видео)

СБ на ОН: Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје

Влатко Зорба

Мадуро за „Вашингтон пост“: Подготвен сум за директен дијалог со Трамп

Вирусите поврзани со САРС-КоВ-2 живеат во лилјаци веќе многу децении

„Торонто сан“: Инсектите повторно на мени на пазарите во Кина (видео)