Вести

Шефот на Светска Банка: До 60 милиони луѓе можат да бидат турнати во екстремна сиромаштија

Дури 60 милиони луѓе ќе бидат турнати во „екстремна сиромаштија“ поради пандемијата со коронавирус, предупреди претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас.

Според него, банката очекува дека глобалниот економски раст ќе се намали за пет проценти оваа година затоа што земјите се борат против инфекцијата.

Пандемијата веќе предизвика милиони луѓе да ги загубат своите работни места и многу компании да пропаднат, при што посиромашните земји го почувствуваа најголемиот удар.

– Милиони извори на средства се уништени, а здравствените системи низ целиот свет се под огромен притисок. Според нашите проценки, до 60 милиони луѓе ќе бидат турнати во екстремна сиромаштија, што ќе го избрише целиот напредок постигнат во извлекувањето од сиромаштијата, постигнат во изминатите три години, предупреди Малпас.

Светската банка ја дефинира „екстремната сиромаштија“ како живот со помалку од 1,90 долари по човек дневно.

Банката со седиште во Вашингтон нуди 160 милијарди американски долари заеми со ниски камати за да им помогне на сиромашните земји.

Малпас рече дека на 100 држави, во кои живеат 70% од светското население, веќе им е укажана итна финансиска помош.

„Иако Светската банка обезбедува значителни ресурси, тоа нема да биде доволно“, рече Малпас, додавајќи дека е фрустриран што комерцијалните заемодавци доцнеле да им помогнат на сиромашните земји да ги вратат своите долгови.

„Ме нервира таа бавност, работите треба да се забрзаат“, вели Малпас.

Поврзани вести

Не се пренесува преку крв: Руски лекар го поби митот за пренесувањето на КОВИД-19

Цистерна влета меѓу демонстрантите во САД: Го извлекле возачот и брутално го претепале (видео)

Во Бразил во последните 24 часа регистрирани се рекордни 6.935 нови случаи на коронавирусот

Дали е поминат пикот на епидемијата: Зошто Исланд и Данска ги намалуваат рестриктивните мерки, порано од предвиденото?

Шкотскиот министер за финансии си поднесе оставка: Испраќал еротски пораки на малолетник

Никола Поповски

Русија: „Белите шлемови“ тргуват со човечки органи во Сирија

Влатко Зорба