Вести

Што напаѓа короната во вашето тело и колку долго траат последиците?

Иако врвот на пандемијата на коронавирусот веќе помина во голем дел од Европа, а болниците веќе не се пренатрупани, илјадници од оние кои се опоравиле од КОВИД-19 сè уште страдаат од долготрајни симптоми како што се заматена свест, замор и губење на здивот.

Според Си-Ен-Ен, еден таков пример е случајот со Емилијано Пескарол, 42-годишен професионален нуркач од Италија, кој бил лекуван во болницата во Џенова 17 дена во март и април, и сè уште има проблеми со дишењето три месеци по одењето дома.

Пескароло истакнува дека, откако бил ослободен од болницата, со недели не забележал напредок во неговото понатамошно закрепнување и дека дури и кратка прошетка му се чинела како да се искачува на Монт Еверест.

Како што вели, тој исто така го губел здивот за време на говорот, поради што бил многу загрижен, и само кога, заедно со десетици други кои се опоравиле, започнал рехабилитација во клиника во неговиот град, напредокот станал видлив.

Неодамнешните истражувања покажаа дека КОВИД-19 ги ​​оштетува не само белите дробови, туку и бубрезите, црниот дроб, срцето, мозокот, нервниот систем, кожата и дигестивниот тракт.

Како резултат на тоа, услуги за рехабилитација на опоравени од коронавирус почнаа да ги нудат и здравствените власти во Велика Британија, каде оние што страдаат од долгорочни симптоми, исто така, се организираат во онлајн заедници, обидувајќи се да го олеснат патот до закрепнување, пренесува Си-Ен-Ен.

Поврзани вести

Баку тврди дека ерменските вооружени сили го гранатираат градот Тертер во Карабах, Ереван негира

Влатко Зорба

Северна Кореја испука три нови проектили

Доминик Раб, човекот што го менува Џонсон: Убеден евроскептик, лојален и дисциплиниран

Влатко Зорба

СЗО: Премногу рано е да се прогнозира кога ќе заврши епидемијата на КОВИД-19

Фаучи: Терапијата со антитела најверојатно му помогнала на Трамп

Влатко Зорба

Во удар на торнадо во Тенеси загинаа 22 лица (ВИДЕО)