Вести

Состојба со КОВИД-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 537.331 лице се заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 24.136, а оздравеле 124.451 лице.

– Од вчера, Кина веќе не е земјата со најголем број случаи на заразени со коронавирус. Првото место го зазеде САД со 85.612 случаи, а денеска, кога ќе бидат објавени податоците од Италија, и таа земја ќе ја престигне Кина по бројот на случаи, бидејќи во моментов Кина регистрира 81.340 случаи, а Италија пред дневното соопштување на податоци веќе има 80.589 заразени.

– Словенија утрово, во прв класичен карантин од избувнувањето на епидемијата на коронавирус, смести 50 лица, кои со ноќен лет од Мадрид се префрлени на љубљанскиот аеродром, а потоа одведени во 50 км оддалеченото Велење. Потегот предизвика незадоволство кај локалните власти, кои велат дека тоа предизвикало загриженост кај тамошното население.

– Франција соопшти дека околу 30 илјади нејзини државјани се наоѓаат во странство и оти Владата ќе се обиде да ги врати во Франција.

– Јужна Африка соопшти за први жртви од Ковид-19. Две лица починале, од кои едното во приватна болница, а другото во јавна болница на западот на земјата.

– Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан од утре до 5 април воведува забрана за излегување од домовите за да се намали ширењето на вирусот. Владата проценува дека социјалните контакти се намалени за 90 отсто но дека таа бројка мора да биде поголема.

– Германската канцеларка Ангела меркел информира дека мерките на рестрикции во Германија ќе бидат продолжени на неодредено време. – Не е време да размислуваме за укинување на мерките, рече Меркел и додаде дека за тоа да се случи ќе треба бројот на новозаразени да се намалува 10 дена по ред.

– Индонезискиот град Јогиакарта користи дронови за прскање на градските површини со дезинфекциски средства со цел намалување на ширењето на заразата.

– Виетнам делумно ги укина домашните летови и ги забрани сите јавни собири. Во таа земја засега има само 153 случаи, без смртни последици.

– Рускиот државен инвестициски фонд (РДИФ) и неговите партнери досега произведоа 500 илјади тестови за коронавирус, но наскоро планираат да го зголемат производството на 2,5 милиони неделно. Првите масовни и брзи тестови за јавна употреба ќе бидат готови за еден месец, соопшти Фондот.

– Американската морнарица соопшти дека 25 војници на носачот на авиони Теодор Рузвелт се позитивни на коронавирус. Пред два дена беа само тројца. Носачот беше во мисија во Тихиот Океан близу Азија, но поради ширењето на вирусот се закотви во Гуамо. Сите заразени морнари се во карантин. На бродот има околу 5000 луѓе.

– Цената на сок од портокал се зголеми за над 20 отсто со оглед дека потрошувачите бараат здрава храна заради зајакнување на својот имунитет.

Поврзани вести

Зошто Русија има потенцијал да го шири својот наратив меѓу земјите од Западен Балкан преку одредени медиуми?

Никола Поповски

Филаделфија протестира против расизмот, десетици илјади излегоа на улиците (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Де Бласио: Бројките покажуваат намалување на епидeмијата во Њујорк

Израелците бараат оставка на Нетанјаху

Влатко Зорба

За време на карантинот во Аргентина убиени се 50 жени, што е највисока бројка во последните десет години

Безбедносните сили во Авганистан заробиле еден од водачите на ИД