Вести

Советник на Трамп: Кинески хакери ги напаѓаат САД во пресрет на изборите

Хакери поврзани со кинеската влада ја напаѓаат американската изборна инфраструктура пред претседателските избори закажани за есента, изјави во неделата советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, предупредувајќи на наводно поактивно мешање на Кинезите во американските избори.

Изјавата оди чекор подалеку од изјавата издадена од Кабинетот на директорот на Националната разузнавачка заедница (ODNI) во петокот, во која се вели дека Кина ги проширува своите напори за влијание и дека Русија веќе се обидува да ја поткопа кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Но, ODNI директно не го обвини Пекинг дека се обидува да пробие системи поврзани со изборите во САД.

„Тие би сакале претседателот да изгуби“, рече О’Брајан за Си-Би-Ес.

„Кина, како Русија, како Иран, се занимава со сајбер напади и кражба на идентитет преку Интернет и такви работи што се однесуваат на нашата изборна инфраструктура, веб-страници и слични работи“, рече тој.

Кина упорно ги отфрла обвинувањата на американската влада за хакирање на американски компании, политичари и владини агенции.

„Претседателските избори во САД се внатрешна работа, ние немаме интерес да се мешаме во тоа“, рече во април портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.

О’Брајан вели дека САД откриле дека хакерите се обиделе да навлезат во веб-страниците кои им припаѓаат на канцелариите на државниот секретар низ целата земја, кои се одговорни за организирање локални избори и собирање податоци за Американците.

„Тоа е навистина причина за загриженост и не станува збор само за Русија“, рече тој. „Ќе има сериозни последици за секоја земја која се обидува да се меша во нашите слободни и фер избори“, предупреди О’Брајан.

Националниот совет за безбедност сè уште не одговорил на барањето за коментар на наводите.

Поврзани вести

Јужнокорејската разузнавачка агенција тврди дека Ким Џонг Ун немал операција на срце

Нови проблеми за Украина: Се прошири пожарот во Чернобил (видео)

За првпат контролни пунктови меѓу сојузните држави во САД

Путин: Боливија е на работ на хаос

По предлогот на Путин за уставни измени, руската опозиција ќе организира протести

Никола Поповски

Кога ќе почнеме повторно да патуваме: На повидок „одмаздувачки“ туризам?