Вести

Студии: Голем број луѓе се имуни на САРС-КоВ-2

Научниците претпоставуваат дека голем број луѓе веќе се имуни на САРС-КоВ-2 и оти овој имунитет потекнува од обични настинки кои исто така ги предизвикуваат коронавирусите, пишува Бритиш медикал џурнал.

Научниците во моментов испитуваат можни имунолошки реакции на САРС-КоВ-2, со претпоставка дека голем број луѓе веќе имаат имунитет на овој вирус.

Одговорите на јавното здравство ширум светот се засноваат на претпоставката дека вирусот влегол во човечката популација без претходно постоечки имунитет. Сепак, низа студии кои идентификуваа Т-клетки кои реагираат на САРС-КоВ-2 и кај луѓе кои не биле заразени, сега поведуваат нови прашања во врска со вистинската природа на епидемијата.

Најмалку шест студии потврдиле присуство на антитела кон САРС-КоВ-2 кај 20 до 50 проценти од луѓето кои, колку што е познато, не биле во контакт со вирусот.

Во истражувањето на крвта од дарители во САД, чии примероци биле собрани меѓу 2015 и 2018 година, кај 50 проценти пронајдени се видови на Т-клетки кои реагираат на САРС-КоВ-2. Слична студија е спроведена во Холандија врз примероци собрани одамна пред пандемијата, при што антитела на САРС-КоВ-2 биле пронајдени кај две од десет лица кои не биле изложени на вирусот.

Во Германија, антитела реактивни на САРС-КоВ-2 се забележани кај дарители на крв кои се негативни на вирусот. Во Сингапур, анализа на примероци земени од луѓе кои не биле во контакт со САРС или Ковид-19 покажа дека кај 12 од 19 случаи потврдена е реактивност на САРС-КоВ-2, како и кај седум од 11 лица кои биле негативни на вирусот. Реактивност на САРС-КоВ-2 е забележана и во Велика Британија и Шведска, кај луѓе кои претходно не биле изложени на вирусот.

Резултатите од овие студии, иако се мали во обем, тешко е да се игнорираат, иако сепак не даваат прецизен увид во претходно стекнатиот имунолошки одговор на САРС-КоВ-2.

Научниците се убедени дека се на пат да се утврди потеклото на тој имунолошки одговор.

Даниела Вајскоф, една од авторките на студијата, истакна дека се претпоставува оти станува збор за имунитет кој потекнува од обични настинки, кои исто така ги предизвикуваат коронавируси. До сличен заклучок дошле и научници во Сингапур, но тие забележале дека реактивноста на Т-клетките може да потекнува од некои други коронавируси, можеби и од животински.

Оваа претпоставка, за која се потребни дополнителни истражувања, може да доведе до ревизија на начинот на кој треба да се утврди чувствителноста на населението и да се следи степенот на ширење на пандемијата.

Поврзани вести

Во Холандија откриена најголемата лабораторија за производство на кокаин (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Кинески експерт: За 10 дена коронавирусот ќе го достигне врвот, епидемијата нема да трае подолго од шест месеци

Никола Поповски

Путин и Лукашенко повторно разговарале, подготвени се заеднички да одговорат на надворешните закани

Влатко Зорба

Повеќе од 1.250 мртви за еден ден во Бразил

Влатко Зорба

Изминатата деценија е најтопла во последните 140 години

Заради напади со возила австралиската полиција доби дозвола да пука

Maja_Serafimova