Вести

Суд донесе одлука: САД имаат право на пари од книгата на Сноуден

Суд во Соединетите Американски Држави донесе одлука дека оваа земја има право на приход од 5,2 милиони долари од книгата објавена од Едвард Сноуден, поранешен соработник на Агенцијата за национална безбедност.

Во соопштението издадено од Одделот за правда се наведува дека Федералниот суд во Вирџинија пресуди во корист на правото на американската влада за надомест на штета за секоја наредна заработка од книгата на поранешниот соработник за национална безбедност.

Адвокатот на Сноуден немаше коментар за оваа одлука.

Минатата година американската влада го тужеше Сноуден, кој се наоѓа во Русија, за објавување на книгата „Permanent Record“, со што, како што тврди, се кршат договорите за необјавување на информации што ги потпишал кога работел за НСА и ЦИА.

Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската влада создала систем на масовно следење. Сноуден, кој со години живее во Русија, заработи 4,2 милиони долари од продажбата на книгата и од авторските права.

Поврзани вести

Фонтана: Бројот на заразени во Ломбардија се зголеми за околу 2.500

Одобрени тестовите за антитела за итна употреба на компанијата „Roche“

Влатко Зорба

Според 61 отсто од Американците, Трамп не бил подготвен за здравствената криза

Во Шведска починаа над 4.000 луѓе од коронавирус

Напаѓачот во Париз имал руско државјанство?

Влатко Зорба

Како богаташите се штитат од корона вирусот во светот?

Влатко Зорба