Вести

СЗО бара заедничка сопственост на вакцините и лековите против пандемијата

Светската здравствена организација и 37 земји денес апелираа за заедничка сопственост на вакцини, лекови и дијагностички помагала за борба против глобалната пандемија од коронавирус, сметајќи дека законите за патенти може да бидат пречка за дистрибуција на клучни лекови, пренесува Ројтерс.

Земјите во развој и младите земји стравуваат дека богатите земји, кои испорачуваат ресурси за пронаоѓање на вакцината, ќе бидат на почетокот на редот за медицината, кога ќе се постигне успех.

Вакцините, тестовите, дијагностиката, третманот и другите клучни инструменти за реагирање на вирусот мора да бидат достапни за сите како јавно добро, рече претседателот на Костарика, Карлос Алварадо.

Повеќе од 5,8 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а 360.000 починале. Светската здравствена организација ја разбира важната улога на заштитата на патентите во поттикнувањето на иновациите, но ова е време кога луѓето треба да имаат приоритет, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Меѓународната федерација на производители и Здружението на фармацевти изразија загриженост поради поткопувањето на заштитата на интелектуалната сопственост, за која велат дека веќе дозволува соработка и ќе биде потребна кога ќе заврши пандемијата.

Поврзани вести

СЗО: Новиот коронавирус засега нема да биде прогласен за глобална здравствена закана

Маж и жена им се закануваа со оружје на демонстрантите кои дошле пред нивната куќа (ВИДЕО)

Коронавирусот и децата: Зошто има мал број на регистрирани случаи?

Никола Поповски

Кралицата Елизабета Втора: Приоритет на британската Влада е да излезе од Европска Унија на 31 октомври

Влатко Зорба

Американски научници тврдат: Коронавирусот нема да исчезне со затоплување на времето

Ердоган: Не очекувам Хафтар да го почитува примирјето

Влатко Зорба