Вести

СЗО: Можен е уште еден бран на заразени од коронавирус

Светската здравствена организација предупреди дека е можно светот да се соочи со нов врв на епидемијата на коронавирус.

Како што рече на една прес-конференција еден од директорите на СЗО, Мајкл Рајан, вирусот сè уште е присутен во многу земји, па затоа е можно да се очекува зголемување на бројот на заразени лица, особено затоа што претходно воведените рестриктивни мерки веќе се олеснуваат.

– Треба да бидеме свесни за фактот дека оваа болест може да се рашири во секое време. Не можеме да претпоставиме дека само затоа што болеста е во надолна траекторија, таа ќе продолжи да опаѓа и дека ќе имаме неколку месеци да се подготвиме за следниот бран. Втор врв во овој бран може да се случи, предупреди претставникот на СЗО.

Рајан исто така рече дека земјите во Европа и Америка треба да продолжат со мерките на социјална и здравствена заштита, надзор и сеопфатно тестирање со цел да се зачува трендот на намалување. Тој ја повтори позицијата на повеќето светски експерти дека вториот бран на коронавирусот е неизбежност за која светот мора да се подготви.

– Кога класично зборуваме за вториот бран, честопати значи дека тоа е првиот бран на болеста што се појавува неколку месеци подоцна. Тоа ќе биде реалност за многу земји во наредните неколку месеци, истакна Рајан.

Поврзани вести

Пентагон претпоставува дека кризата со новиот коронавирус во САД ќе трае најмалку три месeци

Ердоган и Путин телефонски разговараа за Сирија

Блумберг двојно повеќе ги зголеми парите за реклама

Дали Германците веќе го губат трпението и размислуваат за ублажување на мерките?

Стејт департмент: Корупцијата го спречува економскиот раст и развој и владеењето на правото

Влатко Зорба

Властите во Боливија делат за корона бесплатно лек против паразити