Вести

СЗО: Немаме пари за да се бориме против пандемијата

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на недоволно средства што им се на располагање во борбата против пандемијата предизвикана од коронавирус и истакна дека добила само 10 проценти од потребните средства.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека потребни се повеќе од 100 милијарди долари само за вакцини.

– Иако сме благодарни за оние што дадоа свој придонес, имаме само 10 проценти од средствата што ни се потребни. Ќе ни требаат над 100 милијарди долари само за вакцини. Ова звучи како многу пари и тоа се. Но, тоа е малку во споредба со 10-те трилиони долари (1 трилион = 1.000 милијарди долари) што земјите од Г-20 веќе ги вложиле во фискалниот стимул за да се справат со последиците досега од пандемијата“, објасни директорот на СЗО.

Говорејќи за меѓународната иницијатива за обезбедување подобар пристап до здравствената заштита, тој рече дека следните три недели се клучни и ја истакна потребата од зголемување на финансирањето за борба против Ковид 19.

„Никогаш не е доцна да се смени текот на пандемијата“, рече Гебрејесус.

Поврзани вести

Нетанјаху: Можеби нападот врз Сирија го изврши авијацијата на Белгија

Никола Поповски

Иранскиот заменик министер за здравство позитивен на коронавирусот

Шпанија руши рекорди, 12.183 новозаразени со Ковид-19

Влатко Зорба

Урнати статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис во САД (ВИДЕО)

Извештаите дека Борис Џонсон е на респираторна машина се „руска лага“

Гутереш: Светот се соочува со епидемија на дезинформации

Влатко Зорба