Вести

СЗО: Повеќе од 278.000 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во светот се регистрирани 278.229 нови случаи на коронавирус, а починаа уште 6.815 лица, објави денес Светската здравствена организација.

Според податоците за петок, во светот биле заразени 18,9 милиони луѓе, а повеќе од 709.000 починале, пренесува ТАСС.

Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци објавени од земји.

Јужна и Северна Америка имаат најмногу потврдени случаи, над 10,1 милиони. Во текот на денот биле заразени уште 154.111 лица, а 4.598 починале, пренесува ТАСС.

Во Европа биле заразени над 3,5 милиони луѓе, а 215.640 починале. Во петокот биле регистрирани над 25.000 нови случаи, а 416 починале.

Во Југоисточна Азија се регистрирани 2,4 милиони пациенти и над 50.000 жртви.

Најмногу заразени има во САД, Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Мексико, Перу, Чиле, Колумбија и Иран.

Поврзани вести

Кина одговори на критиките со своја теорија на заговор: Дали коронавирусот во Вухан е донесен од лабораторија од САД?

Студија: Четвртина од Русите веруваат дека епидемијата е преувеличена или измислена

Си-Ен-Ен: Продажбата на јајца во САД зголемена за 44 отсто, цените за 180 отсто

Американски научници: Коронавирусот ја губи силата на сонце, влага и топлина

Нови немири во Хонг Конг

Влатко Зорба

Папата апелираше вакцини против корона да има и за најсиромашните

Влатко Зорба