Вести

Тихановскаја: Сама донесов одлука да ја напуштам земјата, знам дека многумина ќе ме мразат

Белоруската опозиционерка, Светлана Тихановскаја денес потврди дека донела „тешка одлука“ да ја напушти својата земја каде протестното движење се репресира по спорните претседателски избори.

„Јас самата ја донесов таа одлука … и знам дека многумина ќе ме осудат, многумина ќе ме мразат“, рече Тихановскаја, која за неколку недели, на сите изненадување, успеа да анимира големи маси против владата на претседателот Александар Лукашенко.

Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линквесиус, денеска објави дека пристигнала во Литванија и дека е безбедна, откако не се знаеше каде се наоѓа претходната вечер.

Втора последователна вечере се случуваа демонстрации во Белорусија против изборната победа на претседателот, кој беше избран на претседателските избори во неделата во шестиот мандат со повеќе од 80 проценти од гласовите.

На социјалните мрежи се гледаат видеа на кои полицијата најбрутално се справува со демонстрантите.

Поврзани вести

Путин ќе формира истражна комисија поради Навални

Влатко Зорба

Борба против коронавирусот: Кинески доктор починал бидејќи работел 35 дена без престан (видео)

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани 42.223 нови случаи на коронавирус, а починале уште 1.290 лица

Брутални апсења во Минск, на удар жени и деца (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Корона-криза во Италија: Судовите поради големите барања воведоа „онлајн развод“

За 24 часа 49 жртви oд КОВИД-19 во Италија

Влатко Зорба