Вести

Трамп е етички недораснат и интелектуално неподготвен да биде претседател на САД, вели Пелоси

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси изјави во четвртокот дека книгата на поранешниот советник на американскиот претседател покажува дека Доналд Трамп е недораснат и неподготвен за функцијата претседател.

„Претседателот Трамп е јасно етички недораснат и интелектуално неподготвен да биде претседател на Соединетите Американски држави. Тоа изгледа не им пречи на републиканците во американскиот Сенат“, рече Пелоси на брифингот за новинари.

Таа истакна дека демократите ќе продолжат да го следат однесувањето на претседателот.

Пелоси додаде дека ќе се консултира со водечките демократи за тоа дали на авторот на книгата за Трамп, Џон Болтон, поранешниот советник на претседателот за национална безбедност, треба да му се даде покана да сведочи на суд.

Болтон во интервју за „АБЦ“, делови од кои беа објавени во четвртокот, рече дека неговиот поранешен шеф е непогоден за функцијата, откако беа објавени делови од неговата книга во која беше прикажан крајно негативно Трамп.

„Мислам дека тој е неприкладен за функцијата“, рече Болтон во интервјуто за АБЦ.

„Не верувам дека тој е способен да ја врши (претседателската) работата“, додаде тој.

Долгогодишниот „јастреб“, кој беше задолжен за надворешната политика и ја напушти Белата куќа во септември, го обвини Трамп во книгата дека барал од кинескиот претседател Си Џинпинг за помош во освојувањето на втор мандат.

Исто така, според Болтон, Трамп изразил подготвеност да ги сопре истрагите, како противуслуга на диктаторите, според делови од книгата објавени од голем број весници во средата.

Наводите на Болтон се многу пошироки од обвиненијата што доведоа до постапката за отповикување против Трамп.

Републиканецот Трамп, кој ќе се соочи со демократот Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември, ги отфрли обвиненијата и го нарече Болтон „лажго“ и „будала“ и тврдеше дека е „нестручен“.

Американското Министерство за правда сака да спречи објавување на книгата заради ризици по националната безбедност, но издавачот „Сајмон и Шустер“ го негира ваквото обвинување и вели дека илјадници примероци од книгата се веќе дистрибуирани.

Во своите мемоари, Болтон наведува дека Трамп во разговорите со него покажал „фундаментално неприфатливо однесување што ја еродира легитимноста на претседателството“.

„Навистина немаше никаков фундаментален принцип што можев да го препознаам, освен она што е добро за реизбор на Доналд Трамп“, рече Болтон за АБЦ.

Ненси Пелоси исто така рече дека портретите на четворицата говорници на Претставничкиот дом кои служеле на Конфедерацијата ќе бидат отстранети од Капитол.

Тие ќе бидат отстранети во петок, Денот на еманципација или слобода (Junteenth), што означува укинување на ропството. Во таа прилика, се очекуваат манифестации во голем број американски градови.

Овој потег доаѓа по протестите низ САД против расизмот и полициската бруталност, предизвикана од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на апсењето во Минеаполис.

Поврзани вести

Ердоган: Ситуацијата во Сирија личи на војна

Никола Поповски

Синдром на хроничен замор можен долгорочен ефект на Ковид-19

Влатко Зорба

Сопружниците Закерберг и Гејтс ќе дадат 25 милиони долари за борбата против коронавирусот

Во САД вчера беа регистрирани рекордни 1.453 смртни случаи од последици од Ковид-19

„АстраЗенека“: Ќе можеме да вакцинираме повеќе луѓе за пократок временски период

Влатко Зорба

Нови ограничувања во Њујорк поради пандемијата

Никола Поповски