Вести

Трамп го обвини Фаучи за ширењето на коронавирусот во САД

Соединетите Американски држави се соочуваат со налет на коронавирусот, а Белата куќа пронајде „жртвен јарец“ во форма на главниот експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи.

Еден официјален претставник на Белата куќа за Си-Ен-Ен изјави дека некои официјални претставници биле загрижени што д-р Фаучи веќе направил грешки во своите одлуки и проценки во неколку наврати. Меѓу нив беше и изјавата на овој експерт, кој рече во март дека „луѓето не треба да шетаат наоколу со заштитни маски“.

Треба да се напомене дека Соединетите држави се земја која е најтешко погодена од вирусот во светот – според најновите податоци, заразени се над 3,4 милиони луѓе, а скоро 138.000 луѓе починале.

Незадоволството во Белата куќа следи откако се дозна дека претседателот Доналд Трамп и д-р Фаучи воопшто не разговараат. Тензиите меѓу двајцата растат бидејќи тие започнаа да одговараат едни на други преку медиумите и јавните настапи.

Си-Ен-Ен се обиделе да добијат изјава од д-р Фаучи во врска со овие тврдења, но не сакал да ја коментира ситуацијата за таа ТВ мрежа.

Експертот, кој работел за шест американски претседатели, отворено не се согласи со Трамп во последните интервјуа.

– Ако се споредиме со другите земји, мислам дека може да се каже дека не ни оди одлично. Едноставно не работиме добро – истакна експертот за заразни болести во едно од интервјуата.

Фаучи ја коментираше и изјавата на Трамп дека вирусот во САД е безопасен во 99 проценти од случаите, велејќи дека тој не знае од каде го добил претседателот тој број. Алудираше дека тоа не е јасно.

Трамп во неколку наврати јавно го критикуваше главниот американски експерт за заразни болести.

„Д-р Фаучи е добар човек, но тој направи многу грешки“, рече Трамп минатата недела, иако според анкетите на јавното мислење, Американците повеќе веруваат на докторот отколку на претседателот на Соединетите Американски држави.

Во неколку неодамнешни интервјуа, првиот човек на САД отворено кажа дека ги доведува во прашање советите на Фаучи на почетокот на ширењето на коронавирусот во таа земја.

– Мислам дека сме во добра позиција. Не се согласувам со него – рече Трамп, одговарајќи на претпоставката на Фаучи дека Америка е „до колена“ уште пред првиот бран на пандемијата на коронавирус.

Претставник на Белата куќа откри за Си-Ен-Ен дека некои официјални лица не му веруваат на Фаучи. Како што се наведува, тие членови на Белата куќа сметаат дека Фаучи не работи во интерес на претседателот на САД, потенцирајќи дека во интервјуа тој открил отворено несогласување со она што првично го кажа Трамп.

Некои, од друга страна, за Си-Ен-Ен изјавија дека иако не се согласуваат со методот на Фаучи, тие не се сомневаат дека неговиот главен мотив е здравјето на американските граѓани.

Поврзани вести

Американски и британски војници загинаа во напад врз воена база во Ирак

Северна Кореја повторно ќе одржува воени вежби на границата со Јужна Кореја

Администрацијата на Трамп воведува ограничувања за „породилниот туризам“

Киднапирано девојче е спасено благодарение на апликацијата Снепчет

Тимошенко предлага парламентарна мисија за Донбас

Влатко Зорба

По првпат во американската историја авионосач именуван во чест на афроамериканскиот морнар Дори Милер