Вести

Трамп и Бајден за последен пат „лице в лице“ пред изборите

По минатомесечната можеби најхаотична дебата во модерната историја, сегашниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден вечерва ќе имаат последна дебата.

Првата дебата беше обележана со упади, претежно од Трамп, дозволувајќи им на двајцата кандидати да зборуваат едни за други, а Бајден конечно му порача на претседателот да „замолчи“.

Планираната втора дебата не се одржа затоа што на претседателот Трамп му беше дијагностициран коронавирус и одби да учествува во виртуелната дебата. Бајден и Трамп наместо тоа одговараа на прашања на различни настани, одржани во исто време, кои беа емитувани од две конкурентни ТВ мрежи.

Вечерашната дебата ќе започне во 21 часот по американско време, во Нешвил, Тенеси, и таа ќе биде последната средба лице в лице, до денот на изборите, што ќе се одржи за помалку од две недели.

Дебатата ќе трае 90 минути и ќе биде поделена на шест 15-минутни сегменти, при што секој кандидат ќе има по две минути за воведни забелешки на секоја тема за време на кои не е дозволен упад, а доколку тоа се случи, на кандидатот што ќе ја прекине другата страна ќе му биде исклучен микрофон.

За време на дискусијата по воведните зборови, кандидатите ќе можат да упаѓаат во збор едни на други, но овие упади ќе се сметаат во вкупното време што треба да го презентираат. Модератор на последната дебата ќе биде дописничката на NBC од Белата куќа – Кристен Вокер.

Таа објави шест теми на кои ќе се дискутира: „Битка со КОВИД-19“, „Американски семејства“, „Расизам во Америка“, „Климатски промени“, „Национална безбедност“ и „Лидерство“.

Дебатата ќе се емитува на сите поголеми кабелски мрежи.

Поврзани вести

Заразени над 301.600 лица – Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот

УНИЦЕФ: Мерките за спречување на ширењето на вирусот ги зголемуваат ризиците по заштитата на децата

Продолжија борбите во Нагорно Карабах, гранатиран главниот град во непризнаената република (видео)

Никола Поповски

Полицијата во Хонг Конг ќе влезе во блокираниот Политехнички универзитет

ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Јас победив на изборите, се случија лоши работи

Влатко Зорба

Монтреал: Не е пронајдена никаква закана во зградата на „Убисофт“

Влатко Зорба