Вести

Трамп: Наскоро информација за изборна измама во Џорџија

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека наскоро ќе бидат објавени „важни информации“, кои, како што рече, се однесуваат на изборната измама во американската сојузна држава Џорџија.

„Доаѓаат важни информации за изборната измама во врска со Џорџија. Бидете во тек!”, напиша Трамп на Твитер.

Џорџија, по рачно пребројување на гласовите, во петокот ги потврди резултатите од изборите според кои Џо Бајден победи во таа сојузна држава.

„Вашингтон пост“ потсетува дека државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, кој е републиканец, претходно изјави дека по рачното пребројување на гласовите во таа земја, утврдено е дека претседателот Трамп не успеал да освои изборни гласови.

Подоцна, сепак, од канцеларијата на Рафенспергер пристигна исправка на таа изјава, во која се наведува дека резултатите од гласањето сè уште не се потврдени, додава „Вашингтон пост“.

Поврзани вести

Полицаец обвинет за убиството на Афроамериканецот Флојд слободно се шета во супермаркет: Една жена вербално го нападнала (видео)

Германија влегува во трката за вакцина: Најверојатно достапна по пролетта 2021 година

Никола Поповски

При нападот над Ал Багдади помогнале и Турција, Ирак и Курдите

Maja_Serafimova

На излегување од болница, Трамп сакал да ја искине кошулата и да открие маица „Супермен“

Влатко Зорба

Мадуро верува дека коронавирусот е направен како биолошко оружје против Кина

Путин: Регистрирана е втората вакцина против коронавирус

Никола Поповски