Вести

Трамп сака целосно да ја повлече армијата од Авганистан

Американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, бара да ги повлече сите американски трупи од Авганистан поради заканата од коронавирусот.

Цитирајќи американски официјални лица, Ен-Би-Си објави дека Трамп сметал дека е корисно да се повлечат илјадници американски војници од Авганистан под ризик од епидемија.

Исто така се наведува дека советниците се обидуваат да го одвратат Трамп од тоа.

Неименувани официјални лица во интервју за Ен-Би-Си велат дека таквата одлука е можна затоа што Трамп ја губи трпеливоста поради бавниот напредок со разговорите со Талибанците.

Се очекува САД да го намалат бројот на трупите во Авганистан на 8.500, пред се поради договорот со Талибанците постигнат во февруари.

Поврзани вести

Путин: Трамп не е виновен дека нема напредок меѓу САД и Русија

Влатко Зорба

Повеќе од еден тон кокаин запленет во Мексико

Политички турбуленции во Германија: Премиерот на Тирингија поднесе оставка 24 часа по изборите

Никола Поповски

Пакет со отров испратен на Трамп

Влатко Зорба

Трамп: Победата на Бајден ќе доведе до најголема депресија во историјата на земјата

Влатко Зорба

СЗО: Владите многу добро да размислат пред да започнат со ублажување на мерките