Вести

Трамп се закани дека ќе сопре со финансирање на СЗО: Навистина згрешија!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше Светската здравствена организација (СЗО) и ја обвини дека е премногу „лабава“ кон Кина и дека давала лоши совети на почетокот на епидемијата.

„СЗО навистина ги згреши работите. Поради некоја причина, таа е финансирана претежно од Соединетите држави, а сè уште е многу фокусирана на Кина“, напиша Трамп на Твитер, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека за „среќа го отфрлил“ Советот на СЗО да ги задржи границите со Кина отворени уште на почетокот на епидемијата и се прашувал зошто организацијата дала „такви погрешни препораки“.

Тој на дневниот брифинг за пандемијата рече дека ќе размисли дали САД ќе продолжат да го финансираат СЗО.

„Не реков дека сигурно ќе го прекинеме финансирањето, но ќе го разгледаме прашањето“, рече Трамп.

Америка е најголемиот финансиер на СЗО, со платени 57,8 милиони долари од почетокот на годината, а потоа следува Кина со 28,7 милиони.

Поврзани вести

САД: Создадена е апликација која ќе го детектира присуството на коронавирус преку анализа на вашиот глас

Доминик Раб, човекот што го менува Џонсон: Убеден евроскептик, лојален и дисциплиниран

Влатко Зорба

Полицијата во Минеаполис ќе биде расформирана

Трамп покажува сила со Библијата во рака: Ако државите не преземат акција, ќе ја распоредам војската на улиците

Кина: Покрај коронавирусот, се појави и птичјиот грип

Никола Поповски

По советот на Трамп: Американци завршиле во болница откако ја плакнеле устата со варикина против коронавирусот

Влатко Зорба