Вести СВЕТ

Трамп: За безбедноста на нашата земја многу е важно Сенатот на САД да не гласа за резолуција за воени овластувања за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Сенатот да не усвојува резолуција со која би се ограничила неговата способност да води војна против Иран.

„За безбедноста на нашата земја многу е важно Сенатот на САД да не гласа за резолуција за воени овластувања за Иран“, напиша Трамп на Твитер.

„Со Иран ни оди добро и не е време да се покажува слабост“, оцени Трамп, дополнувајќи дека усвојувањето таква резолуција ќе испрати многу лош сигнал и ќе му овозможи на Техеран да дејствува неказнето.

Демократската партија соопшти минатиот месец дека имаат доволно гласови за изгласување мерки во Сенатот, каде мнозинство се републиканци, што ќе значат дека претседателот би морал да бара одобрение од Конгресот за воена акција против Иран.

Поврзани вести

Осумнаесет години од американската инвазија врз Авганистан

user4

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди Нов Зеланд

Stefanija Kuzmanovska

Пентагон купува 100.000 пластични кеси за телата на Американците кои ќе ја изгубат битката со коронавирусот

Со Ковид-19 се заразени медицинските сестри кои лечеа пациенти и носеа кеси за ѓубре затоа што немаа друга опрема

Марковиќ: Црна Гора ќе се подготви за туристичката сезона

Куќите во овој „корона фри“ италијански град се продаваат за едно евро (ВИДЕО)