Вести

Трамп забрани влез во САД на бегалци без здравствено осигурување

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша регулатива со која им се забранува влез на мигрантите кои нема да бидат покриени со здравствено осигурување 30 дена од влезот во САД или немаат пари сами да ги платат своите здравствени трошоци.

Белата куќа наведува дека тоа нема да влијае врз можноста за добивање статус на азил или бегалец. Мерката стапува во сила на 3 ноември.

Администрацијата на Трамп минатиот месец соопшти дека планира во фискалната 2020 година да дозволи во САД да влезат само 18.000 бегалци.

– Со оглед на тоа што нашиот здравствен систем се соочува со предизвици, американската Влада дополнително го отежнала проблемот со прифаќање на илјадници странци кои не биле во можност да платат за нивните здравствени трошоци, рече Трамп.

Поврзани вести

Ким повеќе од две недели не се појавува во јавност: Отсуство заради страв од коронавирус?

Неправилности, прекршувања на законот и фалсификување на резултатите: Што се сè случувало на изборите во Белорусија?

Никола Поповски

Грета Тунберг се извини за изјавата дека политичарите треба да бидат „турнати до ѕид“

Влатко Зорба

Гутереш жали за недостигот на подготвеност за борба против коронавирусот

Влатко Зорба

Помпео: Русија се обидува да го растури сојузот на САД со Европа

Влатко Зорба

Епидемија на коронавирус: Што кажуваат балканците што живеат во Кина?

Никола Поповски