Вести

Црна Гора е првата „корона фри“ држава во Европа

Црна Гора денес, 68 дена по првиот забележан случај на коронавирус, веќе нема заразени со Ковид-19 на нејзина територија, со што ќе стане првата земја во Европа без вирусот, според црногорскиот Институт за јавно здравје.

Нема потврдени нови случаи на заразени во Црна Гора веќе 20 дена по ред.

„Од вчерашниот пресек на состојбата, анализирани се 140 примероци, меѓу кои нема нови случаи на заразени. Исто така, во моментот нема активни случаи на заразени со коронавирус во Црна Гора“, соопшти Црногорскиот институт, откако вториот наод на последниот болен пациент, исто така, се покажал како негативен.

Црногорските здравствени власти претходно соопштија дека крајот на епидемијата ќе биде прогласен кога нема вкупно 28 дена заразени.

„Во пракса и меѓу професијата, вообичаено е епидемија на една заразна болест да се регистрира кога во двата просечни периоди на инкубација нема ново регистрирани случаи на заразени на една територија. Во овој случај, тоа значи дека во текот на 28 дена никој не се заразил со вирусот во Црна Гора“, соопшти црногорскиот институт за јавно здравје.

Црна Гора е последната европска земја во која е дијагностицир коронавирус на 17-ти март. Оттогаш, 324 луѓе се разболеле, 315 се опоравиле, а девет пациенти починале.

За 70 дена изолација, 1.768 жители на Црна Гора биле гонети за кршење на мерките за заштита од заразата, кои морале да платат вкупно 106 илјади евра на добротворни цели.

Поврзани вести

Иранска авиокомпанија го ширела вирусот на Блискиот Исток

Крузерот „Дајмонд Принцес“: Израелската влада ќе ги евакуира своите државјани

Никола Поповски

Шпанија ги укинува мерките за ограничување во две фази

Влатко Зорба

Политико: Пандемијата со коронавирус покажа каков лидер доби секоја земја

Бројката починати од коронавирусот достигна 3.000

Во протестите во Иран загинале 115 лица, тврди „Амнести“

Влатко Зорба