Вести

Туристите ја „нападнаа“ Венеција по пандемијата

Туристите се вратија во Венеција во голем број во саботата, по четиримесечната пандемија, по повод повторно отворање на Палатата на Доџ, пренесува Франс Прес.

Стотици посетители, домашни и странски, застанаа во редот на плоштадот Свети Марко на 300 метри квадратни.

Илјадници билети биле резервирани преку Интернет за денот кога палатата ќе се отвори за посети, објави локална новинска агенција.

Опишувајќи го овој ненадеен прилив, агенцијата Анса пишува за „навалата“ на Палатата на Доџ.

„Имаше такви што чекаа од 8 часот утрово и морам да признаам дека едвај чекавме на нив“, рече Марија Кристина Грибауди, претседател на фондацијата за градски музеи во Венеција, за АФП.

„Ние сме многу возбудени, како прв ден на училиште“, додаде таа.

Задолжително е да се носи маска во палатата, а предупредувањата за „држење оддалеченост“ се објавени насекаде. Сите сали се следат за да се спречат луѓето да се собираат.

После неколкумесеци без – или речиси без – туристи, оваа сабота донесе ненадејна промена и во градот беше вообичаена гужва, како што е секој викенд во пролетта.

Повеќе посетители можеше да се видат на улиците околу на Палатата на Доџ и мостот Риалто, а познатите гондоли и вапорети со туристи повторно пловеа по каналите.

„Иако најчесто се слуша италијански, добар дел од туристите се Германци и Французи“, пренесе „Анса“.

„Се надеваме дека ќе имаме забавен туризам во иднина. Тоа не значи помалку туризам, туку подобра организација“, рече директорот на градскиот музеј Габриела Бели.

Додека се чини дека епидемијата „Ковид-19“ опаѓа (повеќе од 34.000 смртни случаи) и како што земјата постепено излегува од карантин од почетокот на мај, повторно се отворија скоро сите споменици, историски места и музеи во Италија, од базиликата „Свети Петар“ во Рим и музеите на Ватикан, преку галеријата Боргезе и музеите Капитолин до археолошкото место во Помпеја, Кулата на Пиза и Катедралите во Милано и Фиренца.

Италија ги отвори своите граници на 3 јуни, со надеж дека ќе го рестартира што е можно поскоро важниот туристички сектор и ќе привлече што е можно повеќе туристи на лето.

Во Италија во саботата, бројот на загинати од Ковид-19 се зголеми за 78 на 34.301 од почетокот на ширењето на болеста на 21 март, објави италијанската цивилна заштита и се регистрирани 346 нови случаи на нов коронавирус.

Италија е на четвртото место во светот зад Соединетите држави, Велика Британија и Бразил во однос на бројот на загинати од „Ковид-19“ и на седмото место по бројот на заразени.

Поврзани вести

Турскиот муезин почина во Аја Софија

Влатко Зорба

Во Њујорк дневно умираат 200 луѓе кои не се регистрирани

Влатко Зорба

Италија со пад на бројот на заразени со корона

Влатко Зорба

Агенцијата на Европската унија за заштита на надворешните граници: Тешко ќе се справиме со мигрантската криза

Членовите на Советот за безбедност на ОН остро го критикуваа ставот на САД за еврејските населби

Во  Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19