Вести

Турција солидарна со Французите: Го осуди нападот во Ница

Турција остро го осуди нападот што се случи денеска во црквата Нотр Дам во францускиот град Ница.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека „Турција се чувствува солидарна со францускиот народ против насилството и тероризмот“.

Во Франција, три лица загинаа во терористички напад во Ница денес, од кои едното беше обезглавено, додека во посебен инцидент полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачи во Авињон.

Во исто време, третиот терористички напад се случи на другата страна на светот, исто така насочен против Франција. Во градот Џеда во Саудиска Арабија, напаѓач со нож прободел чувар на француската амбасада.

Тензиите меѓу муслиманското население и Франција избија откако беше ликвидиран професорот за прикажување карикатура на пророкот Мухамед, додека вчера весникот „Шарли Ебдо“ објави карикатура на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како седи во долна облека и гледа во задникот на жена во бурка.

Поврзани вести

Северна Кореја му се закани на САД: Држете го јазикот за заби ако сакате успешно да ги одржите изборите

Песков: Захарова се извини, Србите се братски народ

Влатко Зорба

Како Ерменците урнаа дрон на азербејџанската армија? (видео)

Никола Поповски

Тежок облик на коронавирус може да го оштети мозокот

„Сé работи како часовник“: Путин во московската болница во која се лекуваат заболените од коронавирус (видео)

Италија: Над 600 нови случаи за 24 часа за првпат по 3 месеци

Влатко Зорба