Вести

Влегување во Њујорк само со негативен тест и карантин

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, презеде екстремна мерка во борбата против пандемијата – влезот во Њујорк е дозволен само со негативен тест за корона и задолжителен карантин.

Куомо рече дека Њујорк ќе бара од сите што ќе дојдат да имаат негативен тест не постар од три дена. Тие исто така ќе треба да одат во карантин една недела, но може да излезат од него по четири дена доколку нивниот втор тест биде негативен, пренесоа американските медиуми.

Доколку го одбијат вториот тест, ќе мора да останат во карантин две недели.

Куомо не објасни како ќе се спроведе оваа одлука и како ќе бидат проверени оние што влегуваат во Њујорк.

Мерките нема да важат за патниците од американските држави кои се граничат со државата Њујорк, како што се Њу Џерси или Конектикат.

Оваа мерка беше воведена наместо претходната, која предвидуваше дека сите патници од 41 дел на САД кои беа најтешко погодени од коронавирусот, ќе се изолираат 14 дена.

Поврзани вести

Папата Франциск од Нагасаки побара од светските лидери забрана за нуклеарното оружје

Влатко Зорба

Во екот на изборната кампања: Пенс ги откажа сите митинзи

Неуспехот на кампањата за максимален притисок го натерало Трамп да го елиминира Сулејмани

Влатко Зорба

Како Русија ја чува својата вакцина против коронавирусот?

Уште еден напад: Чувар на француската амбасада во Саудиска Арабија прободен со нож

Влатко Зорба

Осветлено руското небо: Спектакуларен огномет во Москва по повод Денот на победата над фашизмот (видео)