Вести

Во Франција 375 смртни случаи во последните 24 часа

Франција регистрираше 375 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, што е најниска бројка во последната недела, соопшти Генералниот директорат за здравство.

Вкупно 8.078 лица починале во земјата од почетокот на епидемијата, 5.889 во болница и 2.189 во старечки домови и други установи за медицинскo-социјална заштита.

Еден важен показател е во пад, односно 140 лица се примени на реанимација од вчера, а таа бројка постепено опаѓа.

Сега има 6.978 пациенти на реанимација.

Администрацијата посочува дека целокупните податоци потврдуваат дека епидемијата продолжува во Франција и продолжува силно да удира.

Вкупно 28.891 лица се хоспитализирани поради КОВИД-19, или 748 повеќе отколку во саботата, со оглед на зголемениот број на болнички отпуштања.

Од избувнувањето на епидемијата, повеќе од 16,000 луѓе излегоа здрави од болници.

Поврзани вести

Пенс и Помпео доаѓаат во Анкара, Ердоган не сака да се сретне со нив

Maja_Serafimova

Куомо: Состојбата со вирусот се подобрува, но нема причина за славење

Влатко Зорба

Турција ги забранува електронските цигари

Maja_Serafimova

Заради ова предавање Бил Гејтс го обвинуваат дека стои зад пандемијата со коронавирус! (ВИДЕО)

Кина денеска ги укина драстичните ограничувања во покраината Хубеи

Нови 582 случаи на коронавирус во Русија: 9 починати во последните 24 часа