Вести

Во Германија уапсен маж кој шетал со меч и пиштол

Германската полиција уапси маж кој кусо време предизвикал паника во пешачка зона во Гринштат, југозападна Германија, каде се појавил со самурајски меч и пиштол.

По неколкуте повици од загрижени минувачи, полицијата која дошла во пешачката зона слушнала истрел и забележала маж во видливо алкохолизирана состојба.

Локалните медиуми јавија дека 50-годишниот маж го предал мечот и пиштолот откако полицијата испукала предупредувачки истрел.

Детали не се познати, а полицијата соопшти дека нема индикации дека инцидентот бил политички мотивиран.

Поврзани вести

Трамп: САД треба да се првата држава која своето знаме ќе го постави на Марс

Дебелината е ризик број еден од компликации и хоспитализација поради коронавирус кај луѓе над 65 години

Опаѓа бројот на новозаразени во Италија: 681 лица починаа за 24 часа, 4.805 нови случаи

Влатко Зорба

Лекот на Трамп без никаква корист: Од хидроксихлоринот се зголемил бројот на смртни случаи

Никола Поповски

Пајн: Денес имаме премногу лоши, а премалку добри пожари

Трамп ја потпиша извршната наредба за суспензија на имиграцијата во САД