Вести

Во притвор сите што се поврзани со експлозијата во Бејрут

Либан прогласи вонредна состојба во наредните две недели и нареди куќен притвор за сите оние кои учествуваа и беа дел од складирање на хемикалии, кои се поврзани со експлозијата што уништи голем дел од градот во вторникот вечерта.

Либанската влада одлучи да истражи и открие што се случило што е можно поскоро и да ги казни одговорните со најстрога казна.

До четврток, бројот на повредени се искачи на 5.000, а бројот на загинати на 137. Бројките се очекува да пораснат додека жителите трагаат по исчезнатите членови на семејството, пријателите и познаниците.

Голем дел од нив се во болница, а се плашат дека голем дел од луѓето се под урнатините. Синоќа, тело на девојче било пронајдено под урнатините по 24 часа.

Скоро 300.000 луѓе ги загубија своите домови.

Поврзани вести

СЗО: Клинички да се испита хербалната напивка од Мадагаскар против коронавирусот

Иран: Разгледуваме 13 сценарија за одмазда

Влатко Зорба

Дерек Човин за првпат се појави пред судија: Утврден износот на кауција

СЗО: Континентот Африка може да биде нов фронт против пандемијата

Лавров: Американскиот Конгрес прави се што е можно да ги запре „Северен поток 2“ и „Турски поток“, но тоа нема да им успее

Дали на повидок е шести мандат на Лукашенко: „Жена не може да биде претседател на Белорусија“