Вести

Водечкиот британски експерт: Глупаво е да очекуваме вакцина сега, ќе ги почувствуваме вистинските последици од короната во зима

Водечкиот здравствен експерт во Англија смета дека ефикасна и безбедна вакцина против коронавирус нема да се создаде пред зимата 2021 година, пренесе „Скај њуз“.

Професорот Крис Вити изјави дека ќе ги видиме „вистинските проблеми“ на Ковид-19 во зима и дека Велика Британија, како и целиот свет, треба да престане да претпоставува дека вакцината ќе биде достапна наскоро.

Наместо тоа, тој изјави дека постои разумна шанса вакцината да не биде достапна до зимата 2021/22 година.

„Јас сигурно би бил воодушевен да биде готова порано отколку подоцна, но јас би се изненадил ако имаме ефективна вакцина подготвена за масовна употреба пред крајот на оваа зима“, рече професорот Вити и додаде: „Голем број луѓе имаат завршено добар дел од работата во однос на науката и логистиката со цел ова мое песимистичко тврдење да биде негодувано, но прво мора да докажеме дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е потребно време.

„Ако погледнеме подетално во 2021 година, мислам дека шансата е многу пореална од онаа за шест месеци. Несовесно би било да ја планираме зимата 2021 година врз основа на фактот дека веќе ја имаме вакцината. Треба да планираме врз основа на она што го имаме сега“, смета Вити.

Тој додаде дека верува во способноста на науката да нè „извлече од оваа дупка“, но исто така заклучи дека не смееме да веруваме дека оваа способност ќе се случи за неколку недели или месеци.

Поврзани вести

Наместо да се пензионираат, Трамп (74) и Бајден (77) се борат за чело на државата, а еве и зошто тоа загрижува

Влатко Зорба

После 30 години, откриена секта: Жртвите биле млади девојки – вклучени две балетски училишта (видео)

Коронавирус низ светот: Заразени над 90.000, починати 3.119 лица

САД научници: Симптомите на новиот коронавирус се појавуваат во просек за пет денови

Германски научници: Дали лекот за коронавирусот се крие на дното на Јадранското море?

Најмалку четворица загинати во земјотресот на Филипини

Влатко Зорба