Вести

Загадувањето на воздухот во Делхи достигна „неподносливо ниво“

Загадувањето на воздухот во северна Индија достигна „неподносливо ниво“, соопштија индиските власти.

Според Би-Би-Си, во многу делови на индиската престолнина Њу Делхи, воздухот денес достигна опасно ниво на загадување што може да доведе до респираторни заболувања, при што градските совети ги советувале жителите да останат во своите домови.

Британскиот јавен сервис наведува дека многу училишта се затворени во Њу Делхи, биле пренасочени околу 30 летови на авиони, а престанале многу градежни работи, со густ облак од смог над градот.

Локалните власти во индиската престолнина ги советувале жителите да избегнуваат физичка активност надвор од нивните домови, особено наутро и доцна попладне, како и да носат заштитни маски и да ги држат вратите и прозорците на нивните домови затворени.

Поврзани вести

Трамп им наложи на американските војници во Сирија да се повлечат кон југ

Влатко Зорба

САД: Новите санкции против Иран – во текстилната индустрија, производството, градежништвото, рударството…

Никола Поповски

Во очекување на прекин на огнот: Интензивни борби во Нагорно Карабах

Никола Поповски

ОН: Незаконско е убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Турските вооружени сили досега убиле 550 терористи во операциите во Сирија

Влатко Зорба

Со вмешаност на малтешката амбасада: Дали Кина ги шпионирала институциите на ЕУ во Брисел?