Вести

Захарова: Никој нема искуство за самоуништување како Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова смета дека никој нема такво искуство за самоуништување како Украина.

„Такво искуство, какво што има Украина, нема никој. Тоа е факт. За 30 години со свои раце да се уништи перспективата на својата земја, да се испратат луѓе со оружје в раце во шумата, да се искараат за се со сите, такво нешто на малку кој му успеало. Несомнено, таквото искуство на самоуништување и е интересно на Алијансата“, напиша таа на Фејсбук.

Украинскиот министер за одбрана, Анридја Загородњук, на состанокот на министрите за одбрана од земјите на НАТО, пред два дена во Брисел, изјави дека Украина има единствено искуство од петгодишното војување со Русија кое може да го сподели со државите од Алијансата, пренесоа руските медиуми.

Притоа, борбата против руската агресија, тој ја нарече важен елемент за зачувување на стабилноста во Европа.

Поврзани вести

Ким Јонг-ун се извини за убиството на јужнокорејски службеник

Влатко Зорба

СЗО: Маските мора да бидат трислојни за да го блокираат коронавирусот

Влатко Зорба

Петмина членови на Конгресот се во изолација, двајца се ракувале со Трамп

Трамп: Нема да има расформирање на нашата полиција

Братот на Пабло Ескобар му се закани на Илон Маск: Ми ја украде идејата, ќе те уништам!

Maja_Serafimova

Совршено смислен грабеж: Разбојници ограбиле рудник за злато и избегале со авион