Вести

Жените ги предводат протестите против Лукашенко, ги апсат маскирани полицајци

Стотици жени извикуваа „срам“ на новите протести против владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, за кој демонстрантите тврдат дека ги фалсификувал изборните резултати на почетокот на август.

Додека демонстрантите се собираа во Минск, полициски комбиња веќе го зазедоа своето место на улиците.

Извештаите покажуваат дека се случиле нови апсења, откако стотици луѓе беа уапсени во Белорусија во последните неколку недели.

Групата за човекови права „Пролет“ објави дека се приведени десет лица, вклучително и новинари.

Видеата покажуваат дека жените биле влечени во автобуси, додека други биле уапсени пред трговски центри.

Поврзани вести

Трамп: Ковид-19 е благослов од Господ

Никола Поповски

Руската вакцина 2 години штити против корона

Влатко Зорба

Речиси 18 милиони луѓе се заразени со Ковид-19 ширум светот

Влатко Зорба

Пандемија низ светот: Постојат ли било какви докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија?

Трудо: Научниците во Канада пронајдоа антитела за да направат лек против Ковид-19

Што не чека после корона-кризата: Дигитални пасоши, дронови, машки и женски денови