ЕУ СВЕТ

Владата на Велика Британија блокира најмалку за еден месец објавување на парламентарен извештај за закана од Русија

Владата на Велика Британија блокира најмалку за еден месец објавување на парламентарен извештај за закана од Русија за британската демократија и можно мешање во парламентарните избори во декември, пишува „Гардијан“.

Документот го изготви парламентарната комисија за разузнавање и безбедност. Пред една недела, претседателот на комисијата, поранешниот јавен обвинител Доминик Грив, го обвини премиерот Борис Џонсон дека работи против објавувањето на извештајот. И покрај тоа, се очекуваше тој да биде објавен денеска.

Според информации од владини кругови, до распуштањето на парламентот во вторник вечер, нема да се одлучи за објавувањето на извештајот. Тоа значи дека пристапот до документот ќе биде можен само по изборите на 12 декември.

Извори од Даунинг стрит тврдат дека во одложувањето нема ништо невообичаено, затоа што такви документи бараат процес на согласност, што може да трае до шест недели.

Поврзани вести

Пенс очекува повеќе од илјада случаи на новиот коронавирус во САД

Даниел Сервер: Јули и август ќе бидат пресудни месеци за Косово

Руски војник добил нервен слом и убил осум колеги, а двајца ранил

Maja_Serafimova

Лавров: Убиството на Сулејмани е само кулминација на илегалните потези на Вашингтон

Никола Поповски

Дали требаше да го копираме нивниот модел: Европската земја која и се спротивстави на СЗО и има најниска стапка на смртност

Бугарите и Грците се најнезадоволни меѓу Европејците од животот во услови на пандемија

Александар Петровски