Вести СВЕТ

Владата во Мадрид: Шпанија не го признава Косово, договорот со Белград е решение

Шпанија сè уште не ја признава независноста на Косово и ќе продолжи да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со поддршка на Европската унија со цел да се постигне целосен политички договор за конечната позиција на Косово, се вели во изјавата на Шпанското Министерство за надворешни работи за српските медиуми.

Канцеларијата за соработка со медиумите на шпанското Министерство за надворешни работи одговорила на барањето на српските медиуми да го објасни пишувањето на бриселскиот портал „ЕУ обсервер“ дека Министерството во Мадрид му соопштила на овој портал дека Шпанија наскоро ќе го признае Косово.

Како одговор на нив, шпанското министерство посочило дека владата во Мадрид инсистира на непризнавање на прогласената независност во Приштина и нагласува дека „го смета за едностран акт, спротивно на законот и на шпанскиот поглед на Европа во различностите, што е толерантно и плуралистичко“.

„Затоа, ние ќе продолжиме да го поддржуваме дијалогот со посредство на ЕУ, кој има за цел Белград и Приштина да постигнат сеопфатен билатерален договор за конечната позиција на територијата на Косово“, се вели во соопштението.

Шпанското Министерство за надворешни работи исто така посочува дека „неодамнешните договори (на Белград и Приштина) во Вашингтон на кој било начин не ја загрозуваат позицијата на таа територија, така што шпанската позиција е непроменета, како позиција целосно во согласност со меѓународното право“.

Поврзани вести

Шефот на СЗО: Коронавирусот е многу сериозна закана за светот

Никола Поповски

Помпео: Заканата од кинеската комунистичка партија е јасна, ние мора да ја заштитиме нашата слобода

Влатко Зорба

Нереди и во Париз после смртта на Флојд: Полицијата морала да употребува солзавец (видео)

Здравствената состојба на Навални е „многу загрижувачка“

Влатко Зорба

Азербејџан и Ерменија одбија мировни преговори, борбите продолжуваат

Александар Петровски

Заради напади со возила австралиската полиција доби дозвола да пука

Maja_Serafimova