Регион СВЕТ

Влошена здравствена состојба: Петмесечно бебе заразено со коронавирус во Косово

Меѓу заразените со коронавирус во Косово е и петмесечно бебе кое било пренесено во Приштина заради влошена здравствена состојба, пишува приштинска „Коха“.

Бебе од селото Топоница во општина Каменица денеска е испратено на лекување на Клиниката за инфективни болести во Приштина, јавуваат медиумите.

Во Топоница неодамна биле тестирани 11 лица од исто семејство за кои, како што потврдиле вчерашните резултати, се покажало дека се заразени со КОВИД-19, вклучително и петмесечно бебе.

Д-р Љатиф Суњај, кој е дел од Центарот за семејна медицина во Каменица, потврди за „Коха“ дека бебето било однесено на Клиниката за инфективни болести во Приштина на понатамошно лекување, откако нејзината состојба се влошила.

„Бебето имало дијареја и сува кашлица и го испративме на Клиниката за инфективни болести во Приштина за лекување. Нашиот персонал од Центарот за семејна медицина отиде во нивната куќа, го зеде петмесечното девојче и со возило на брзата помош, ја донесе во Приштина“, рече тој.

Поврзани вести

Тачи одби да учествува на состанокот за „мини-Шенген“ во Тирана

Земјотрес ја погоди Јапонија

Maja_Serafimova

Казна од 50.000 евра во Катар за неносење маска

КОРОНАТА НЕ ЗАПИРА: Повеќе од 20 милиони заразени во САД

Stefanija Kuzmanovska

Српскиот пулмолог кого го нарекоа Стенд-ап короничар објаснува: Свесно реков дека тоа е најсмешниот вирус во историјата

Американски медиум: Дали Кина на незаконски начин се обидува да стигне до истражувањата за вакцината за коронавирусот?