СВЕТ

Во Австралија поради шумските пожари настрадаа околу 350 коали

Во шумските пожари во крајбрежниот резерват во Нов Јужен Велс, Австралија, настрадаа половина од коалите што живеат таму, објавија денеска експертите.

Раниот почеток на сезоната на пожари донесе пожари во природниот резерват на езерото Инес, во кој минатиот месец се уништени две третини од живеалиштата на коалата, а останатиот дел беше загрозен од 15 големи пожари во државата.

Околу 350 коали кои живеат во резерватот во крајбрежниот град Макуори настрадаа во шумски пожари, наведува групата „Да се зачува коалата во Австралија“.

– Во резерватот имаше од 500 до 600 коали, изјави претседателот на групата Су Ештон.

Негувателите на животни од болницата за коали во Макуори ги негуваат спасените коали и ги хранат со листови од еукалиптус.

Поврзани вести

Потврдени се повеќе од 81.000 случаи на новиот коронавирус во 40 земји во светот

Научниците конечно сфатија зошто децата се поотпорни на корона

Stefanija Kuzmanovska

Ѓукановиќ: Црна Гора треба да има својата православна црква, што ќе биде одвоена од Српската црква и Србија

Ердоган: Турција ќе ги продолжи своите планови за населување на арапското население во градовите на северот од Сирија

Влатко Зорба

Вучиќ го повика министерот за животна средина на Србија, Горан Триван „малку да живне“

Бил Гејтс: Ќе морате да примите вакцина двапати, старите лица можеби и трипати (ВИДЕО)