СВЕТ

Во болнички ходник куче три месеци верно го чекаше неговиот сопственик, кој почина од коронавирус

Седумгодишно куче по име Xiao Bao, што значи „мало богатство“ на кинески, уште еднаш докажа дека кучето е навистина најдобриот пријател на човекот. Неговиот сопственик бил хоспитализиран во болницата во Вухан во февруари поради инфекција со коронавирус, а починал само пет дена подоцна.

Xiao Bao чекаше трпеливо во ходникот во болницата три месеци, надевајќи се дека сопственикот ќе се појави, пишува LADBible.

Вработените во болницата неколку пати се обиделе да го избркаат надвор од болницата, и секој пат кога ќе го однеле некаде подалеку, тој пронаоѓал пат да се врати и чека.

Во мај, луѓето почнале да се жалат дека кучето престојува во болницата, па персоналот го повикал засолништето за животни каде сега се наоѓа Xiao Bao. Тој е вакциниран, стерилизиран и моментално се бара негов дом.

Поврзани вести

Турција: Над 3.000 починати од Ковид-19, министерот за здравство со охрабрувачки податоци

Никола Поповски

Истражувањата покажуваат дека загадувањето предизвикува оштетување на мозокот и влијае на говорот

Maja_Serafimova

Шкотските националисти: Договорот за Брегзит меѓу ЕУ и Борис Џонсон е „посебно деструктивен“

Maja_Serafimova

Израел: Пациенти заразени од Ковид-19 излекувани со третман со матични клетки

Бугарија двојно ги зголемува субвенциите за Фолксваген

Maja_Serafimova

Србија во паника: Едно лице купило 1800 маски од аптека; Министерот за здравство апелира за смирување

Никола Поповски