Регион СВЕТ

Во Хрватска се одржуваат претседателски избори

Во Хрватска денеска се одржуваат претседателски избори, на кои 3,85 милиони избирачи ќе одлучат кој од 11-те кандидати ќе ја предводи државата наредните пет години.

Избирачките места се отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат околу 20 часот.

Рекорден број набљудувачи, повеќе од 24.000, ќе ја следат работата на изборните тела на претседателските избори.

Избирачите во првиот круг од изборите ќе одлучуваат кој ќе влезе во вториот круг, што е извесно дека ќе биде одржан.

Речиси сите анкети како водечки тројца кандидати ги издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поддржана од владејачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Хрватската радиотелевизија (ХРТ), според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе се натпреваруваат сегашната претседателка Грабар Китаровиќ со освоени 28,3 отсто од гласовите и поранешниот хрватски премиер, социјалдемократот Зоран Милановиќ со поддршка од 26,6 проценти.

Според анкетата, во случај Шкоро да помине во втор круг, би ја победил актуелната шефица на државата со разлика од 3,6 отсто од гласовите (Шкоро 48,7 проценти, а Гранар Китаровиќ 45,1 отсто). Од друга страна, додека во трката би биле Шкоро и Зоран Милановиќ, победничката разлика би била 5,6 отсто во корист на хрватскиот пејач.

Од вкупно 11 кандидати кои ќе учествуваат денеска на изборите, уште само европратеникот и поранешен судија на Стопанскиот суд во Загрем, Мислав Колакушиќ би освоил околу седум отсто, а сите останати се под три проценти.

Избирачките места ќе бидат отворени в недела во 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат околу 20 часот истата вечер.

Рекорден број набљудувачи, повеќе од 24.000, ќе ја следат работата на изборните тела на претседателските избори.

Претседателот на Хрватска се бира на пет години, а последните претседателски избори се одржаа на 28 декември 2014 година и вториот круг на 11 јануари 2015 година, кога актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ го победи тогашниот претседател Иво Јосиповиќ

Поврзани вести

Трамп го потврди „црниот список“ за Западен Балкан

Stefanija Kuzmanovska

Потоп во Венеција: Поплавени се 70 отсто од градот (ВИДЕО)

Српскиот министер за здравство: Потврден првиот случај на коронавирус во Србија

Кинезите развија спреј кој ги штити површините од вирусот во текот на 90 дена

Кисиќ: Можеби има 10 пати повеќе заразени во Србија

Влатко Зорба

Вучиќ: Се надевам дека нема да бидам кандидат за претседател на изборите за година и пол