Вести СВЕТ

Во Јужна Кореја излекувани од Ковид-19 повторно позитивни

Вкупно 141 лица кои биле излекувани од новиот коронавирус, на дополнителни тестови биле повторно позитивни, објави денеска јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Заменик директорот на Центарот Квон Jон-Вок изјави дека агенцијата не знае која е причината зошто луѓето повторно биле позитивни на тестовите и оти експертите спроведуваат истражувања.

Повеќе експерти сметаат дека е малку веројатно некој повторно да се зарази откако бил излекуван од коронавирусот.

Можно е прашањето за тестирањето – или различните количини на РНК во телото што се тестира – да може да објасни зошто луѓето се позитивни после негативен тест, пренесува Си-Ен-Ен.

Квон рече дека владата испитува примероци од пациенти за да утврди дали овие случаи можат да бидат заразни. Квон рече дека за студијата се потребни две недели.

– Нашите вработени деноноќно работат за да соберат примероци и да спроведат студии, изјави Квон.

Поврзани вести

Пожарникарите и припадниците на полицијата се судрија во текот на протестот во Париз

Експлодирал ковчег на погреб во Бечеј, повредена жена

Фаучи: Се сомневам дека некогаш ќе го искорениме Ковид-19

„Не сакам да завршам во затвор“: Главната противничка на Лукашенко се откажала од протестите

Никола Поповски

Зголемен бројот на смртни случаи и заразени во Франција

Тет-а-тет средба на Путин и Ердоган во Истанбул