Регион СВЕТ

Во карантин на атинското пристаниште Пиреас се наоѓа бродот со 20 заразени со Ковид-19

Бродот, за кој вчера беше соопштено дека има 20 позитивни случаи на Ковид-19 од вкупно 383 патници и членови на екипажот, е ставен во карантин на атинското пристаниште Пиреас, објави весникот „Катимерини“.

Според истите информации, станува збор за бродот „Елефтериос Венизелос“ во сопственост на грчка бродска компанија, а бил најмен на почетокот на март да пренесе морски работници од Турција во Шпанија, но и да служи како хотел на вода за нивно сместување.

Поради појава на коронавирусот на бродот, била донесена одлука бродот да остане во Атина, а како што пишува „Катимерини“, повикувајќи се на извори од грчката крајбрежна служба, првиот позитивен случај бил регистриран на 28 март.

За 20-те случаи на Ковид-19 кај патниците од бродот вчера информираше претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис.

Поврзани вести

Вулин: Поминаа 5 години и ништо за нападот на Вучиќ во Сребреница

Влатко Зорба

Нови случаи на корона потврдени во Австралија: Граѓаните предупредени на втор бран на пандемијата

Ѓукановиќ: Државата нема да се согласи на уцена и нема да попушти пред протестите

Движењето на Трифуновиќ бара меѓународни набудувачи за изборите на 21 јуни

Српска листа мора да го признае Косово, ако сака да биде во Владата на Курти

Влатко Зорба

Макрон: Кризата со новиот коронавирус го доведува под прашање „опстанокот на европскиот проект“